15 ГОДИНИ СО ВАС
Со 30 години искуство во механика и илјадници задоволни клиенти, ние сме првиот избор кога станува збор за вашиот автомобил.
Присутни на македонскиот пазар како Тумбе 07 веќе 15 години, секојдневно го посветуваме своето знаење на автомобилската дејност. Ние сме успешни благодарение на целиот наш тим. Ентузијазмот, упорноста, стручноста и квалитетот на вработените се главната причина за континуираниот раст на Тумбе 07.
Нашиот тим има присуствувано на многу курсеви, семинари и работилници одржувани во Германија, Србија, Бугарија и има добиено многу сертификати во областа на Chiptuning, механика, дијагностика.
Нашата посветеност и знаење ќе ги решат сите проблеми на вашиот автомобил.